Лоши идоли: “Кога ќе пораснам сакам да бидам Црвенковски или Груевски!”


„Ајде да се играме парламент! Јас ќе бидам Груевски, а ти биди Црвенковски!“- овој разговор го слушнав случајно во една улична игра на деца кои имаа околу 8 години.

20130330-deca1Останав со подотворена уста. Црвенковски?! Груевски?! Во мое време се игравме Супермен или Бетмен, а сега парламент! Зарем политичарите станаа хероите и идолите на новото време?! Зарем тие се моделот кој децата, а и младината тежнеат да го достигнат.

Повеќе не велат: „Кога ќе пораснам сакам да бидам пожарникар“, туку „Сакам да бидам Груевски/ Црвенковски“, во зависност од тоа која политичка партија ја преферираат родителите и ги бомбардираат дома децата со неа.

Од каде таа опседнатост со политичарот, од каде тоа копнеење да се биде во нивните чевли? Се разбира дека коренот на желбата тргнува од економскиот аспект.

Колку и да звучи површински и бесчувствително, факт е дека парите се основниот двигател на современиот живот. Парите, кои само „привилигираните“ ги поседуваат. А во општеството во кое бизнисот и политиката се измешани- политичарот е оној кој ја поседува таа „привилегија“. А, сите оние кои ја немаат таа моќ, која доаѓа со парите, зависат од оние кои ја поседуваат, стануваат нивни робови, во симболичка смисла.

Парите можат сé

Но, факт е дека не сите имаме богат тато, чичко или вујко, за да си ги дозволиме сите оние можности на отварање на сопствена фирма. Затоа, продолжуваме како низ сон да се движиме од едно интервју за работа до друго (свесни дека таа позиција веќе некому му е доделена).

CRVENKOVSKI_GRUEVSKIВо таквата немоќ, македонската младина има два избора: Да ја напушти државата, а со тоа и да ги напушти родителите, блиските, саканите; или да молчи и да биде послушник на оние кои се богатат на нивен грб, со надеж дека еден ден и тие ќе добијат парче од тоа богатство.

Факт е дека младите се зачленуваат во партиите со надеж за стабилно работно место со загарантиран приход на крајот на месецот. Затоа е евидентна и појавата на нетрпеливост меѓу припадниците на младата популација врз основа на политичка припадност. Бидејќи противниот табор е нивниот конкурент за работното место. Тие се борат против грабливецот на нивната идна работа, а не поради некоја политичка идеологија или визија за иднината.

Просто, да се вчудоневиди човек како „децата“ од играњето со мечињата, автомобилчињата, куклите, зајачињата и компјутерските игри, преку ноќ стануваат младина на некоја политичка партија.

Децата се како сунѓери и го впиваат сетоа она што постарите го говорат и прават, тие ги имитираат своите родители, кои се нивните први модели за вистинско и правилно однесување. Политиката и политичкиот живот се нивниот пример за успешност (барем ние така ги учиме).

Целиот текст на – МКреволуција

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1