По долг период без никакви информации за здравствената состојба, германските медиуми излегоа со детали за поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.
Според таблоидот Бунте, легендарниот возач воопшто не може да оди самостојно и по малку се движи со помош на своите физиотерапевти. Менаџерката на Шумахер ги окарактеризира тие информации како неодговорни, но одби да коментира за состојбата. Бунте тврди дека Михаел не може да застане на нозе и да стои исправен.
Како што е познато, Шумахер доживеа тешки повреди на главата во декември 2013 година. Извесен период беше во кома, а потоа беше префрлен во приватната болница на неговото семејство на Женевското езеро.