Во текот на идната година се очекува и Македонија да добие електронски и интернет-игри на среќа. Државната лотарија на Македонија распиша јавен повик за склучување договор со искусна компанија за формирање заедничка фирма за приредување електронски и интернет-игри на среќа, пишува Дневник.
Од идниот партнер се бара во новата фирма да вложи 6 милиони евра, од кои 4,7 во опрема и во софтвер, 300.000 евра во хардверска и во софтверска поддршка и еден милион евра паричен влог за покривање на финансиските трошоци за оперативно функционирање на новото трговско друштво.
Од потенцијалните кандидати се бара искуство и финансиски капацитет, односно да имаат обрт од интернет-игри не помал од 600 милиони евра годишно за секоја од последниве три години, од 200 милиони евра за електронски игри на среќа и не помал од 700 милиони евра од лотариски игри.