Постои основано сомнение дека седмицата вредна 1.6 милиони евра, извлечена на лотото на Државната лотарија на Србија, била наместена.
Тие тврдат дека постојат три основани причини за сомнение во местењето на главната добивка, на извлекувањето одржано на 15. мај 2012 година. Ливчето било уплатено во Бања Лука, а добитникот до ден денес останал анонимен.
Била започната постапка на основа на официјалните белешки направени ден по извлекувањето, која се уште трае.
Во 38 коло биле извлечени броевите 3, 5, 9, 16, 21, 27 и 33 а добивката изнесувала точно 171.715.040 динари.
Сомнително било барањето упатено 3 часа пред извлекувањето, да биде отворен трезорот на Државната лотарија на Србија и да се исчистат сите топчиња. При тоа, на извлекувањето присуствувале сите директори на правни и маркетинг служби со своите соработници, што не е било вообичаена пракса. И за крај, во белешките е наведено дека ново вработено лице во текот на транспортот ги допирало топчињата.