Ќе поднесеме кривична пријава против судијката Радица Василевска за активно учество во политички монтираниот случај „Кампања“, вели во интервју за „Макфакс“ претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Бошкоски додава дека тој и неговиот адвокатски тим имаат несоборливи докази дека станува збор за полициско-политичка местенка и ќе водат паралелна постапка на страна од Специјалното обвинителство кое отвори случај под името „Тортура“.
– Судството мора да се ослободи од корумпираните судии. Додека не ги видиме на обвинителна клупа, иако Уставот ги штити судиите да не одговораат за дадено мислење, другиот дел од приказната е мрачниот дел дека постојат договори, за што имаме и докази. Мене кога ме апсеа полициските службеници ми кажаа дека ќе лежам осум години и судијката Радица Василевскани не ме осуди ден помалку. Случајот „Ровер“, кoj сè уште трае, е уште помонструозен, имаме и докази како обвинителството заедно со Грујовски, кој сега е во екстрадициски притвор, дојдоа во Идризово да ми се закануваат – додава Бошкоски.