По петчасовниот распит, екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски излезе од специјалното јавно обвинителство, а неговиот адвокат Константин Кратовалиев, информираше дека дека неговиот клиент одговарал на прашањата на Специјалното јавно обвинителство поврзани со случајот “Кампања”, за кој Бошкоски беше осуден и отслужува 7-годишна затворска казна.
Според информациите, на распитот Бошкоски не одговарал на прашања поврзани со случајот “Ровер”.
Претходно, уште минатата година, адвокатот Кратовалиев изјави дека побарале овој предмет за кој исто така е обвинет Бошкоски, да го преземе Специјалното обвинителство, повикувајќи се на веродостојни информации за основано сомневање, односно индиции дека постојат транскрипти и снимки директно поврзани со процесот „Ровер“ кои се предадени на специјалниот обвинител“.