-Еве судија, и Џорџ Клуни пристигна – рекол Љубе Бошкоски кога влегол во судницата на судењето за случајот „Ровер“ и ја разбил тензијата, по што сите во судницата почнале да се смеат, пишува утрешен „Вест“.
– Колку убаво, сите мене ме чекате. Еве, јас сум глумецот Џорџ Клуни. Знаете, судија, додека бев министер за внатрешни работи многу луѓе ми велеа дека личам на Клуни, а сега никој не ми дава комплименти за мојата убавина – рекол Бошкоски, местејќи го сакото.
Поради задоцнување на затворската служба на „Идризово”, која требала да го спроведе Бошкоски во судот, доцнел почетокот на судењето за „Ровер“, во која тој и уште 14 обвинети одговараат за убиството од пред 11 години, кога беа убиени Маријан Тушевски и неговиот возач, Кире Јанев.