Љубе Бошковски пречекан со овации во родното село Челопек (Видео)


Бошковски инаку издржуваше казна затвор од пет години, а вчера беше пуштен од затворот Идризово.ljube

Љубе Бошковски, лидерот на партијата “Обединети за Македонија”, по излегувањето од затвор бил пречекан од роднини, пријатели и сопартијци во неговото родно село Челопек во тетовско. По повод неговото излегување од затвор, во дворот на црквата Свети Никола пристигнале и 60 претседатели на општинските комитети од партијата на Бошковски.

Бошковски инаку издржуваше казна затвор од пет години, а вчера беше пуштен од затворот Идризово. Бошковски бил уапсен на 5. јуни 2011. година со обвинение за незаконско финансирање на предизборната кампања.

Против него се води и процесот “Ровер”, а истиот два пати бил враќан на повторно судење.

Бошковски рекол дека со неговото ослободување ќе дојде и слободата во Македонија. Им се заблагодарил на сите кои за време на неговиот престој во Идризово му давале поддршка. Бошковски додал и дека во наредниот период ќе се обиде да ја презентира вистината за себе.

Video – A1On

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1