Љубљана: На изборите слика на Тито и југословенски знамиња


За време на одржувањето на локалните избори на Прешерновиот плоштад во Љубљана, вчера можеле да се видат југословенски знамиња и слика на Јосип Броз Тито, како и транспаренти на кои пишувало „За татковината со Тито, напред!“, пренесува RTS.Dekoracija-u-Ljubljani

 

Полицијата, на изненадување на граѓаните и симпатизерите на десницата не преземела никакви мерки, а подоцна се дознало дека знамињата, фотографиите и транспарентите се дел од филмска сценографија.

Станувало збор за снимањето на драмската телевизиска серија „Ќе бидеме прваци на светот“ (Bićemo prvaci sveta) за кошаркарската бајка од 1970 година кога во Љубљанската сала Тиволи бил одржан клучниот натпревар од светскиот шампионат, меѓу репрезентациите на тогашна Југославија и САД.Titova-slika-u-Ljubljani

Симпатизерите и претставниците на десно ориентираните партии, Словенечката демократска партија на Јанез Јанша и Нова Словенија сепак протестирале кај властите сметајќи дека станувало збор за „смислен потег на љубљанските власти“ и „кршење на предизборниот молк“.

На локалните избори во Љубљана вчера по четврти пат за градоначалник бил избран Зоран Јанковиќ од партијата Позитивна Словенија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1