Недозволена љубовна врска е причината за синоќешниот напад врз докторот од Клиниката за Токсикологија, дознава Скопје Инфо од извори на Клиниката.
Неофицијално, докторот подолго време бил во љубовна врска со сопругата на напаѓачот и таа врска пред извесно време резултирала со несакана бременост што e директна причина за нападот, пишува Скопје Инфо.
Докторот бил нападнат од сопругот на колешката, пред влезот на Клиниката.
Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19 часот и 50 минути во полиција е пријавено дека на Ургентниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.