Љубовни обичаи: Како се слави Свети Валентин низ светот


Празникот на љубовта, Свети Валентин е ден кога насекаде низ светот се слави љубовта. И додека во некои земји вечерта на 14 февруари мажите и момчињата ги носат своите избранички на романтична вечера и им подаруваат некаков симболичен подарок, во некои делови од светот обичаите се сепак малку поразлични. Ви откриваме како различни народи низ светот го слават овој убав ден, а можеби притоа ќе добиете некоја интересна идеја.valentajn verona

Ах, тие романтични Французи

Французите важат за една од најромантичните нации на светот. А како и не би биле кога го имаат прекрасниот Париз во кој секој чекор е романтичен. Но на Денот на вљубените, Французите традиционално одат во Сент Валентин, во покраината Индра каде брачните двојки ги обновуваат своите завети. Со неодоливото француско шампањско романтиката е неизоставна, а во ова мало село овој празник трае неколку дена, но не е познато дали причина за тоа се церемониите околу свеченоста или шампањското, но ова може слободно да се примени и кај нас.

Љубовни писма од Италија

Градот во чии ѕидини се уште се крие страста на Ромео и Јулија, Верона во Италија симбол на љубовта и романсата. Освен тоа што романтичните Италијанци на своите партнери им пишуваат љубовни писма, писма и се испраќаат и на Јулија. Вие и не морате да и испратите писмо на Јулија, но тоа би било многу романтично кога на вашиот сакан наместо смс порака или порака на Фејсбук, да му испратите љубовно писменце. Сепак ако сакате да и пишете на Јулија во надеж дека ќе го имате успех во љубовниот живот, адресата е: Club di Giulietta – The Juliet club, via Galilei 3,  37100 Verona, Italy.

Тајландски прв секс

За својот прв секс Тајланѓаните го избираат најромантичниот ден во годината. Голем е бројот на Тајланѓанките кои токму на Свети Валентин на својот партнер му ја подаруваат својата невиност. Поради тоа строгите тајландски власти одлучиле добро да внимаваат, па на своите ученички им делат презервативи, а парковите се затвораат порано за девојките да не дојдат во искушение првиот секс да го подарат на првата клупа.

Јапонско чоколадо

И додека во поголемиот дел на свет мажите се двоумат околу тоа што да и подарат на својата девојка, во Јапонија работите функционираат обратно. Сите слободно Јапонки на своите машки пријатели, колеги и надредени на работа им подаруваат чоклади. Може лид а го замислите тој чиколаден ден во нивните канцеларии. Слободните девојки за време на Свети Валентин подароци им даваат на оние кои им се допаѓаат, но по месец дена чоколадото се враќа, и тогаш мажите на жените им подаруваат бело чоколадо и го слават Белиот ден.

 

Овошен ден во Сингапур

Според кинескиот календар, Свети Валентин се слави 15-от ден по Нова година. Сите слободни жени во потрага по љубов на портокал ги запишуваат своите телефонски броеви и ги фрлаат во река, а мажите ги вадат од водата и ги јадат. Многу девојки се надеваат дека пред да ги изедат портокалите, мажите го запишуваат и бројот на девојките.

Во Финска сите се сакаат

Финците Свети Валентин го слават во голем стил. За нив тоа не е ден на љубовта туку ден на пријателството. На своите пријатели и на драгите луѓе им испраќаат анонимни пораки во кои ги испишуваат своите чувства и најубави желби, а по тоа луѓето кои ги добиваат пораките погодуваат кој им ги испратил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1