Луфтханза ги откажа сите летови до Шарм ел Шеик


Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендирала сите летови до и од египетското одморалите Шарм ел Шеик поради актуелната ситуација на полуостровот Синај.lufthanza

Авиокомпанијата објави дека ќе бидат суспендирани летовите на нејзините фирми – ќерки „Еделвајс“ и „Џерман вингс“ во наредните две недели. Луфтханза работи со германското Министерство за надврорешни работи на организирање безбедно враќање на сите германски туристи од Шарм ел Шеик. Според германските медиуми, во моментов се работи на евакуација на околу 50 Германци кои што се погодени од новите мерки а кои се сместени во туристички комплекси на полуостровот.

Летовите до главниот град на Египет, Каиро продолжуваат според редовниот распоред.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1