Луѓе во црни униформи го малтретирале во Тетово – Сведоштво


Градежен работник од тетовска фирма, кој работел на водоводот помеѓу шарпланинските села Вешала и Бродец, бил малтретиран од две униформирани и вооружени лица, во неделата, додека работел на изградба на водоводната мрежа, потврди вчера СВР Тетово. Претходно и заменик-министерот за внатрешни работи,161 Земри Ќамили, изјави дека непознати лица во црни униформи, без обележја, им се заканувале на вработени на „Водовод“.

Но ни СВР Тетово ни Ќамили не потврдува дека станува збор за членови од таканаречената гарда на Илирида, која требаше да биде дел од проектот на Невзат Халили за „република Илирида, која тој лично пред два месеца ја прогласи пред Споменикот на Скендер-бег во Скопје.

Градежниот работник бил пресретнат од две униформирани и вооружени лица. Тој во изјава за тетовската полиција рекол дека додека работел, од зад багерот се појавиле и му се доближиле две непознати и маскирани лица. Биле облечени во маскирни униформи, кои биле без ознаки и биле вооружени со пушки. Тогаш едниот од униформираните му наредил со багерот да ја скрши водоводната цевка која била поставена. Багеристот бил принуден да ја изврши наредбата и неколкупати се обидел да ја скрши цевката, но не успеал во тоа. Потоа униформираните лица му рекле да се симне од багерот и да се заврти со лицето кон машината и така да стои с` додека двете лица не се оддалечат од местото. Откако тие заминале во непознат правец, багеристот го пријавил случајот, по што служби на СВР Тетово се упатиле на местото каде што се случил настанот, но таму не пронашле никакви траги.

Од полицијата велат дека работат на целосно расчистување на сите поединости поврзани со пријавеното во полициската станица Тетово.

И заменик-министерот Ќамили завчера информира дека две лица легитимирале градежни работници. Но, според изјавата на Ќамили, имало двајца работници и две неидентификувани лица.

– Тие не се претставиле како припадници на некоја гарда, како што се шпекулира дека се членови на „гардата на Илирида“. Ќе продолжиме да собираме информации и да ја следиме ситуацијата – изјави завчера Ќамили.

Некои медиуми на албански јазик неодамна објавија соопштение, наводно испратено од т.н. гарда на Илирида, во која се вели дека нејзини припадници ќе патролираат низ земјата во местата каде што живеат Албанците. Во соопштението е потенцирано дека целта на организацијата е да се „конфронтира со сите што ги продале албанските интереси“. Се наведува и оти штабот на т.н. гарда ќе има полициско обезбедување во градовите што ~ припаѓаат на „република Илирида“. Kоминикето е потпишано од извесен генерал М. Хамди Ндрецај – Kомандант Пантери.

Ндрецај вчера за телевизијата „Алсат-М“ изјавил дека гласините за појавувањето на терен на црните униформи под името „гарда на Илирида“ се точни. Тој додал дека 250 члена на гардата патролираат како набљудувачи во неколку града во земјава. Според него, досега не се регистрирани инциденти, но членовите на гардата контактирале со локални жители во Скопје и во шарпланинскиот предел.

– Нашите патроли се на целата територија на Илирида, со исклучок на Битола и Прилеп. Но, членовите на гардата се лесно вооружени и се во својство на набљудувачи – истакнал Пантери.

Тој потврдил дека нивни луѓе патролирале и во скопско Арачиново.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1