Луксузниот дом на актерот пеплосан до темел


Додека се уште беснеат пожарите во Калифорнија, а бројот на загинати расте холивудските ѕвезди секојдневно објавуваат страши фотографии од самото место.

Еден од оние на кого му изгоре куќата до темел е и актерот Џерард Батлер кој на својот Инстаграм профил објави фотографија од пеплосаниот дом во Малибу, Калифорнија.

Актерот на својот Инстаграм објави емотивен текст со што на многумина фанови им надојдоа солзи на очите.

-Се вратив во својот дом во Малибу по евакуацијата. Тешките мигови ги споделувам со Калифорнија. Како и секогаш инспириран сум од храброста, духот и жртвата на пожарникарите. Ви благодарам, пожарникари. Ако можете поддржете ги храбрите момчиња и жени, додаде актерот под фотографијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1