Промената на матичниот лекар, пријавувањето и одјавувањето на осигуреници и проверката дали навреме е уплатено здравственото осигурување отсега ќе може да се прават преку Интернет, преку новиот веб-портал што вчера го отвори Фондот за здравствено осигурување.
Oсигурениците кои веќе имаат електронски здравствени картички не мораат да подигаат сини картони, бидејќи преку веб-порталот ќе може да се провери дали имаат платено осигурување. Доволно е да појде кај новоизбраниот лекар, каде што со електронската здравствена картичка, преку нашиот веб-портал, матичниот лекар ќе го пријави од својата ординација како свој пациент. Со тоа, автоматски се прави одјава од претходниот матичен лекар. Оние што немаат електронска картичка, исто така, ќе можат да ја направат промената кај новоизбраниот лекар, со тоа што лекарот ќе ја направи промената со својата електронска картичка, а осигуреникот ќе пополни ИЛ-образец, кој ќе стои во неговото доси.
Порталот, кој може да се најде на линкот https://portal.fzo.org.mk