Лука Попов, популарен радио водител на локалните радио станици во Нови Кнежевац, Србија убиен е синоќа во својата куќа во Српски Крстур.
Според неофицијалните информации, тој утринава не се појавил на работното место, а не се јавувал и на телефон. Колегите го повикале неговиот брат кој отишол до куќата каде го затекнал неподвижното тело на Лука Попов.
Неофицијално, на телото се пронајдени видливи повреди и се претпоставува дека пред да биде убиен, тој бил мачен. Од полициската станица во Кикинда за српските медиуми ја потврдија веста за убиството.