Тело на неидентификувант маж е пронајдено во реката Сава, неколку стотина метра од мостот во Остружница, пренесува српски Телеграф.
Откако телото се доближило до крајбрежјето на реката било утврдено дека на нозете со коноп му биле заврзани две бетонски цигли, а на главата во висина на очите била замотана и селотејп трака.
Откако телото било извлечено од водата, извршен е комплетен полициски увид, а потоа телото е однесено на Институтот за судска медицина, каде со обдукција ќе биде утврден идентитетот и причината за смртта.