Швајцарската полиција уапси Италијанец стар 38 години, осомничен дека на 4 јули во реонот на кантонот Золотурн во оваа земја го убил Албанецот Арбен Гаши (32) додека овој се туширал во својот дом.
Истрагата меѓутоа покажала дека тој настрадал по грешка и дека убиецот веројатно мислел дека пука во Србин, кој претходно се отселил од таа куќа.
Според пишувањата на медиумите, убиецот кришум влегол во приватната куќа и се упатил во бањата каде што Гаши се туширал. Кога ѝ се приближил на жртвата, испукал три куршума и избегал. Италијанецот набрзо е уапсен поради сомнеж дека го извршил убиството.
Како што пренесуваат швајцарските медиуми, по сè судејќи, во прашање била грешка, а убиецот сакал да се пресмета со Србинот со кој имал нерасчистени сметки, а претходно живеел во таа куќа.
Обвинителството одби да каже кој Србин требало да биде убиен.