Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Слаб снег провејува во Ресен. Магла со видливост од 80 до 100 метри има на планински превој Плетвар.
На патните правци Велес-Штип и Свети Николе-Куманово поради силен ветер наместа има наноси од снег кои редовно се чистат.
Се уште е во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува преку Битола и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Во сила се законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.