Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјата се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот
Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.