Магла одложи летови на скопскиот аеродром – утре маглата ќе се крене


Иако утрово сите полетувања од аеродромот „Александар Велики“ беа реализирани, нешто после девет часот густата магла сепак го затвори скопскиот аеродром.aerodrom magla1

Откажан е летот на Туркиш Ерлајнс кон Истанбул, а задоцнување се очекува и на летовите за Берлин, Базел и Виена што треба да се реализираат до 13 часот.

За пристигнување, утрово се реализирал летот на Аустријан Ерлајнс од Виена, но затоа летот од Истанбул е целосно откажан, а од Берлин во 09:55 пренасочен кон аеродромот во Солун.

Доцнење се очекува и на слетувањата од Истанбул, Гетеборг, Виена и Лондон, кои треба да се реализираат до 13 часот.

Викендот маглата ќе се крене, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека утре наутро ќе дува умерен до повремено засилен ветер кој ќе донесе намалување на обалчноста и спуштање на дневните температури во текот на денот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1