„Магла убиец“ во Лондон усмртила 12 000 луѓе


Меѓународен тим истражувачи на Универзитетот А & М во Тексас обидувајќи се да ги откријат причините за загадувањето во Кина го решиле и мистериозниот случај на маглата што во 1952 уби 12.000 луѓе во Лондон. При тоа научниците дошле до откритија што би можеле да бидат клучни во борбата против загадувањето на воздухот во современите градови денес, пишува Science Alert, а пренесува Недељник.britanija-london-magla-1952

Во Лондон на 5 декември 1952 паднала магла што се подигнала четири дена подоцна. Поради маглата видливоста била намалена, а луѓето имале тешкотии со дишењето. Луѓето од власта не придавале големо значење сметајќи дека е во прашање природна појава. Меѓутоа, кога маглата се кренала било установено дека умреле 12.000 лица, 150.000 завршиле во болница, а угинале и илјадници животни. Точните причини не биле познати до сега, а смртоносната магла е окарактеризирана како најголемо загадување на воздухот во историјата на Европа.

Преку мерење на составот на маглата во Кина и во лабораториските експерименти истражувачот Рењи Зенг и неговиот тим успеале да ја откријат причината за смртоносната магла: азотниот диоксид со хемиска реакција го претварал безопасниот сулфур диоксид во смртоносна сулфурна киселина.

– Знаевме дека сулфурот е битен дел од случајот и дека сулфур диоксидот што се создава со горење на јаглен во фабриките и од страна на граѓаните се претвора во сулфурна киселина. Но, како точно дошло до таа реакција не беше познато. Резултатите на истражувањето покажаа дека претварањето било олеснето со јаглерод диоксидот, уште еден производ на согорување на јагленот кој бил присутен во маглата – објаснува Зенг.

Нешто слично се случува во најзагадените кинески градови денес. Единствена причина зошто таму до сега не се случила „смртоносна магла“ е амонијакот кој го неутрализира процесот, а присутен е во атмосферата бидејќи во Кина се користи многу вештачко ѓубриво.

Маглата во Лондон била кисела, додека во Кина главно е неутрална. Тоа секако не значи дека е здрава, но во секој случај е подобра отколку „маглата убиец“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1