Моќна магнетна бура ќе ја погоди денеска Земјата и ќе ја наруши работата на електронските уреди на некои делови од планетата, пренесува Миа.
Според професорот Крис Деби од Универзитертот во англискиот град Рединг својата кулминација бурата ќе ја достигне денеска во вечерните часови.Најсилните импусли на сончевиот ветер ќе бидат почувствувани од полноќ оваа вечер до три часот изутрината во недела.
Дел од таа маса има сопствено, моќно електромагнетно поле, кое ќе влезе во горните слоеви на атмосферата на Земјата и нејзиното магнетно поле. Како резултат на тоа ќе се појави светлина, која ќе може да се види на места, каде нема да биде облачно.