Мајчинството во 2,5 минути
Да се сумира мајчинството со сите негови пропратни делови е невозможно, но Matt Bieler се потрудил и направил прекрасно видео наречено “3 Кралици” во чест на сите пожртувани мајки.
Видеото е опис и прославување на 3 мајки, од 3 различни делови од САД.
Видеото е исто така љубовно писмо, благодарница, за секоја мајка која се погрижила за рането колено или за скршено срце, која нишкала расплакано бебе на сред ноќ или се разбудила уште во мугри за да подготви палачинки, појадок, да провери домашни задачи, да размрси заплеткана коса и да врзе коњско опавче.
Мет вели дека за да го направи видеото бил инспириран од неговата сестра, која и сама е зафатена мајка. Кога го видела видеото, нејзината реакција била со многу солзи.
Видеото измамува многу солзи не само од нејзините очи, туку од многу искрени срца. Мајчинството не е секогаш гламурозно, но 3 Кралици е прекрасен потсетник на неговата важност и убавина.
tvoebebe.com