Мајк Тајсон: Бев силуван како дете и морав да молчам!


Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон кој беше непобедлив во рингот во својата кариера се бореше со многуте скандали и контроверзии, но овој пат откри една шокирачка вистина од неговото детство.

Тајсон во својата кариера не им остана имун на оргиите, дрогата и затворската каза, а овој пат сподели една мрачна вистина од своето детство.

-Бев дете. Тој беше возрасен. Ме тепаше и сексуално ме малтретираше. Никогаш потоа не го видов – рекол Тајсон во интервјуто за ЕСПН.

По шокантното откритие, новинарот го прашал дали некому му кажал за овој случај. Целосно скршениот Тајсон најпрвин молчел, а потоа одговороил со прашање: „Зошто сѐ уште сме на оваа тема сексуално малтретирање?“

Челичниот Мајк потоа рекол дека сексуланото малтретирање немало влијание во неговиот понатамошен живот, односно дека боксот му помогнал да го надмине тоа.

– Секако дека гневот го носев во себе, но повеќе никој нема да ме допре – завршил Тајсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1