Мајка фрлила три мали деца низ прозор, сите се во критична состојба


Страотно злосторство се случило во германскиот град Крефилд. Возејќи се на работа во раните утрински часови (04.45), локален велосипедист на плочникот пред една куќа забележал бесвесни тела на три мали деца.lenta policija telo

Било утврдено дека децата кои се на возраст од 3,5 и 6 години, низ прозорецот ги фрлила нивната 33-годишна мајка.

Децата се префрлени во болница каде што лекарите се борат за нивните животи. Во меѓувреме лекарите успеале да го спасат животот на мајката која се обидела да се самоубие по злосторството. Мајката е уапсена.

Трагите укажуваат дека никој друг не е вклучен во ова страотно злосторство бидејќи таткото на децата не живеел со семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1