Русинката Ирина Баракјат, штитејќи ги децата ги изгубила десната рака и нога.
Таа во Сирија живее веќе 13 години, каде што добила два сина и ќерка. Додека биле на еден семеен собир во домот на нејзиниот свекор во Алепо, куќата ја погодила граната.
За жал, докторите морале да ѝ ги ампутираат ногата и раката. Ирина се наоѓа надвор од животна опасност, но сириските доктори побарале помош од руските колеги бидејќи ѝ е потребна сериозна нега.
-Овде постојано ни ја исклучуваат струјата, работиме на генератори – изјавил еден од хирурзите.
Како што истакнуваат лекарите, Ирина се жртвувала за да ги спаси децата бидејќи се обидела да ја оттурне експлозивната направа. Откако се фрлила над децата, малечките не претрпеле никакви сериозни повреди.
Руската заедница ѝ помогнала на Ирина колку што можела, особено во вид на лекови, но нејзиното семејство се надева дека ќе може да биде префрлена во болница во Москва.