Две лица загинаа, а две се повредени во тешката несреќа која денеска се случила во водите кај Улцињ, соопшти црногорската полиција. Загинатите се словенечки државјани, 35-годишната З.И. и десетгодишниот Ј.И.
Несреќата се случила околу 14:30 часот, кај Велика плажа во Улцињ. Неофицијално, пренесува порталот РТЦГ, загинатите се возеле на гумена „банана“, која ја влечел глисер, а се судриле со туристички брод.
Медиумите од Подгорица пренесуваат дека во несреќата загинале мајка и син, а лекарите моментално се борат за животот на другото дете
Според извори на „Вијести“, до несреќата најверојатно дошло кога „бананата“ налетала на бродот во кој се возеле туристи. Повредените се П.И. (36) и Ј.И. (14).