Мајка и две деца се борат за живот по страшна сообраќајка која вчера околу 22 часот се случила пред трговскиот центар Бисер во скопски Аеродром, рекле очевидци, објавува порталот Пресс 24.
Очевидците за порталот велат дека сликата била страшна и дека повредените биле во тешка состојба откако најверојатно ги прегазил автомобил.
ОБНОВЕНО
Скопјанец е тешко повреден по сообраќајка која вчера околу 22 часот се случила пред трговскиот центар Бисер, во скопски Аеродром.
Како што информира полицијата, тој со својот автомобил удрил во бетонската ограда по што се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Брза Помош веднаш бил префрлен во болница.
Очевидци за Press24 вчера тврдеа дека во сообраќајката биле прегазени мајка и две деца, но полицијата нема ваква информација.