Мајка ја запалила својата ќерка затоа што се омажила од љубов


Мајка во Пакистан ја запалила својата 17 годишна ќерка затоа што се омажила од љубов, соопшти во среда пакистанската полиција, додавајќи дека тоа е трето такво убиство во три месеци.devojce ubieno

Зеенат Биби се омажила на 29 мај за маж од различна каста без согласност на своето семејство во градот Лахоре на истокот на земјата, што ја разбеснело нејзината мајка, рече полициски службеник за dpa.

Пакистанката во среда наутро најпрво ја обесила девојката во семејната куќа во сиромашниот дел на градот, а потоа го полеала нејзиното тело со бензин и го запалила.

Мајката е уапсена и ќе биде спроведена истрага дали некој од семејството и помогнал во извршувањето на убиството.

Во Пакистан се чести случаите во кои роднини ги убиваат жените бидејќи сметаат дека на тој начин ја бранат семејната чест.

Само во 2014 година, според податоците на независната комисија за човекови права, во таа земја се убиени повеќе од илјада жени и девојки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1