Mајка ми ме тераше да имам секс со 15 мажи дневно


Драгана Старчевиќ, полициски инспектор во Одделението за јавен ред и мир за градот Белград, раскажала шокантна приказна за проституцијата во Србија. Се сретнувала со различни сцени, но некои од нив навистина ја потресле, пренсува Мондо.рс.
prostitutes31sla
Драгана започнала со случајот на семејство кое се доселило во Белград – мајка (околу 40 години) со три деца, како и нејзиниот нов партнер, кој не бил татко на децата.  Ќерката имала 19 години, синот 15, а најмладата две години. Бидејќи дознале дека во станот на тоа семејство “цвета” проституција, полицијата решила да проверат, а кога влегле затекнале клиент кој избира измеѓу мајката и ќерката во долна облека.  Во другата соба се наоѓал партнерот на мајката, во гаќи и градник – за секој случај ако и за него се појави заинтересиран клиент. Истрагата покажала дека мајката ги натерала ќерката и партнерот да се занимаваат со проституција, а поради тоа била осудена за трговија со луѓе.
Другата случка била во еден стан во Нов Белград, каде што маж ја изнајмувал својата сопруга на клиенти. Додека таа „работела”, сопругот бил во соседната соба и се потајно набљудувал. Честопати и намерно ги снимал нејзините средби со клиентите, па потоа заедно ги гледале снимките, бидејќи, како што кажале, тоа добро влијаело врз нивниот сексуален живот. Ако се случело мажот да не е дома, жената имала задача да фаќа белешки во текот на односот со клиентот и потоа тоа да му раскаже се на сопругот.prostitucija-630x416
Иако има многу, сепак за Драгана најтрагичниот случај бил оној во кој било вмешано 13 годишно девојче, кое било жртва на трговијата со луѓе. Девојчето било злоставувано од момче, за кого таа сметала дека и е дечко.
 -Не можете да замислите како изгледа девојче од 12 или 13 години кое за една ноќ имало 10 или 15 клиенти и уште е под дејство на наркотици. Таа не може ниту да разговара, ниту да ве гледа…Се наоѓа во лоша психичка и физичка состојба, а низ телото има видливи убоди од игли. Имавме и случај со девојче кое имаше изгореници од цигари низ телото, а кое беше физички злоставувана од макроата, раскажала инспекторката.
Но, со проституција не се занимаваат само жени, туку и мажи. Како што раскажала Старчевиќ, во главно станува збор за трансвестити и хомосексуалци. Трансвеститите им давале услуги на клиентите „како жени”, а некои од нив, посебно тие под дејство на алкохол, не ни знаеле дека всушност маж „им пружил услуга”.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1