Триесет и две годишната Хејли Гескоин починала во судница пред очите на своите родители, откако ја слушнала пресудата во семејната правна битка.
Не се соопштува за што бил поведен правниот спор.
Младата мајка на 4 деца, пред да и се слоши, била во тоалет, а потоа се вратила во судницата и паднала пред очите на своите родители кои молеле да и се спаси животот!
По 20-тина минути обиди за реанимација младата жена била однесена во болница каде починала.
Дејли мејл пренесува дека постојат сомнежи дека таа се напила нешто во тоалетот. Претходно не користела никакви дроги.
Хејли била здрава жена и никому не му е јасно како е можно одеднаш да почине.
Се очекува обдукцијата да ја открие причината за смртта.