Мајка од Влае била сведок на страшна глетка. Во паркот каде си играле повеќе дечиња, се појавил маж кој, според нејзината објава, ги терал децата да заминат со него.
Според неа, младиот човек кој шетал куче кога влегол во паркот, приоѓал на повеќе деца и започнувал разговор со нив..
-Во тој момент децата дотрчаа вознемирени и исплашени и ни кажаа како тој дечко ги викал да одат со него и да му дадат рака да ги прошета, напиша загрижената мајка.
Оваа случка, оправдано, ги вознемири родителите кои го прочитаа дописот преку социјалните мрежи.
Од Министерството за внатрешни работи за КУРИР посочуваат дека лицето е веќе приведено. Станува збор за лице со психички проблеми.
-По добиена пријава лицето е приведено и извршен е разговор со него. Утврдено е дека станува збор за лице со психички проблеми. Известена е соодветна здравствена институција и јавен обвинител, стои во одговорот кој МВР го испрати до рекацијата на КУРИР.