Велосипедист затекнал три деца на возраст од 3, 5 и 6 години како неподвижно лежат на плочникот пред станбена зграда во градот Крафелд во Германија.
Веднаш повикал полиција, која во истрагата утврдила дека мајката си ги фрлила децата низ прозорец, од вториот кат, а потоа се обидела да се самоубие.
И мајката и децата се во болница во критична состојба.