Мајка од Ниш е тешко повредена во обидот да го спаси животот на нејзината ќерка З.М. (40 ), која сакала да се убие и скокнала од терасата на семејниот дом во Ниш. Несреќната мајка откако не успеала да ја убеди да не скока – застанала под терасата и со своето тело спречи ќерката која скокнала на глава да падне на бетонот од висина од над четири метри. Мајката има скршена рака и сериозна повреда на носот, ќерката исто така, со сериозни повреди е пренесена во болница , каде што двете се задржани на лекување, јавува телеграф.рс
– Таа е психијатриски болна уште од деветнаесет години и е под постојан медицински надзор. Непосредно пред тоа, таа се однесуваше нормално. Имавме ручек и почнавме да се подготвуваме за одење на лекар. Одеднаш , таа истрча на првиот кат на куќата и се заклулчи. Почувствував дека ќе се обиде да направи нешто па застанав под балконот.
Го слушав нејзиното викање: “Не сакам да живеам, сакам да се убијам . Се обидов да ја убедам да се откаже од самоубиство , викав , “немој ќерко , те молам. ” Соседите го слушнале мојот крик, дотрчаа и исто така се обидоа да ја убедат но кога видов дека се качи на оградата, само застанав под балконот и ги раширив рацете во обид да ја фатам кога ќе падне.
Таа скокна , почувствував многу силен удар и потоа двете се срушивме на земја. Јас не почувствував болка веднаш, јас дури и не знаев дека мојата рака е скршен, во мојот ум беше само да ја спасам – ја опишува семејна драма очајната мајка.