“Мамо спаси ме!”, слушнав во мојата подсвест, нешто ми пукна во градите. Вака мајката на 19-годишната Слаѓана Симеоновиќ која се самоуби со пиштолот на татка си, ја раскажува трагичната приказна.
Несреќната девојка отишла од својата куќа во неделата попладнето, а нејзината роднина ја пронашла мртва околу 17 часот.
-Претчувствував дека ќерка ми умира, но не знаев каде е за да и помогнам. Почнав да плачам и да се тресам, па ги повикав роднините да ја бараме. По еден ден стигна и кобната вест, вели мајката Златка Симеоновиќ.
Слаѓана со својата мајка била на гости, но си отишла пред неа. Потоа и се загубила секаква трага. Таа го земала пиштолот од татко си и заминала. Нејзиниот татко вели дека не помислил дека некогаш таа ќе крене рака на себе.
– Имаме четири деца, сите се добри и воспитани, одлични ученички. Не знам ни како успеала да го најде и да го репетира пиштолот, вели таткото на девојката низ солзи.
Инаку, таа претходната вечер славела бидејќи се вработила. Тајната зошто си го одзела животот ја однесе со себе во гроб.