Мајката на Ангел низ солзи гледаше како нејзиниот син паѓа мртов


Бурни реакции кај семејството на убиениот матурант Ангел Петковски, предизвикаа снимките од камерите на Европската очна болница во Ѓорче Петров кои беа прикажани на денешното продолжение од судскиот процес како доказ за убиството што се случи во месец мај минатата година во Ѓорче Петров, пренесува Плус Инфо.

– Погледниме во очи и одговори ми, дали ти му ја даде душата, за да му ја земеш? – низ солзи зборуваше мајката на убиениот матурант.majka angel

Поради содржината на снимките, таткото на Ангел, уште пред нивното прикажување, ја напушти судницата. Само дедото на убиениот матурант остана да види што се гледа од снимките.

На снимките од четирите камери на очната болница не се гледа прободувањето што се случи на насипот кај мостот во Ѓорче Петров којшто води накај Сарај. Според тајмингот на снимките, целиот настан на насипот трае само 25 секунди.

foto - Plusinfo.mk

foto – Plusinfo.mk

На една од снимките се гледа како Ангел и неговиот татко со автомобил „пежо“ се паркираат спроти влезот на очната болница и се упатуваат кон насипот. По нив доаѓа и обвинетиот. Потоа се гледа како обвинетиот трча во спротивен правец од насипот, поминува покрај влезот на очната болница.angel

Ангел и неговиот татко трчаат кон влезот на болницата, во еден момент Ангел паѓа пред скалите на очната болница . Таткото доаѓа до Ангел и го крева во раце и го носи кон влезот на болницата , но тој повторно паѓа на средината на скалите. Таткото повторно се обидува да го внесе во болницата, а потоа доаѓа полиција, брза помош, но за жал, Ангел им подлегнува на повредите коишто му ги нанел обвинетиот Насер Ештрефи во градниот кош.

Адвокатите и Обвинителството се едногласни дека на снимките не се гледа дали некој носи оружје во рацете.

Судењето ќе продолжи на 25 март со изведување докази.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1