Мајката на една од жртвите на косовскиот џелат: “Сине, те сакам! Ова е лошо…”


Клаудија Летиција, мајка на Доменико, една од жртвите на нападот на станицата во Дизелдорф, тврди дека медиумите ги затскриваат информациите во врска со вчерашниот напад.klaudija-majka-zrtva-dizeldorf-01
Таа на својот Фејсбук профил објавила фотографија од синот од болничка соба на интензивна нега, со информација дека бил нападнат со секира од зад грб и дека имал долга операција.

“Ова е мојот син Доменико, кој моментално се наоѓа на интензивна нега во болница. Нападнат е на железничката станица во Дизелдорф. Го удрија со секира од зад грб во глава. Операцијата траеше многу долго. Медиумите се обидуваат да затскријат се. Ова е многу лошо. Слободно споделете го мојот статус. Сине, те сакам”, напишала таа на профилот на Фејсбук, со фотографија од болницата.

Во друг пост, објавен нешто подоцна, таа наведува дека Доменико се разбудил од кома и дека е свесен.

Полицијата во германскиот град Дизелдорф, каде вчера седум лица биле ранети во напад со секира на железничка станица, уапсила 36-годишен маж, а се наведува дека напаѓачот е од Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1