Децата кои изгореа во пожарот во Велика Крсна никој не ги заборава. Мештаните од околните села доаѓаат во Рајковац и ги посетуваат гробовите на Ненад, Димитрија и Маја, палат свеќи оставаат играчки или овошје.
– Многу ми е лошо. Немам сила да станам од креветот и да одам да ги посетам на гробишта моите деца. Ме загушува тагата и незнам до кога ќе го зидржам ова, вели за српски Курир мајката Мирела Микулчиќ (29) чии три деца изгореа во страотен пожар во нивниот дом на 17 декември во селото Велика Крсна, кај Младеновац, откако таа ги заклучила сами и отишла кај соседот. Мирела и вчера немаше сила за разговор.
– Немам живот во себе, изјавила по телефон и ја прекинала врската.
Трите мали гробови каде почиваат Ненад (4), Димитрија (3) и Маја (2) на гробиштата во Рајковац секојденвно ги посетуваат жителите од ова село, и секој од нив под трите малечки крстови остава, сок, овошје, играчка. Само мајката Мирела се уште не отишла од погребот.
Таа е уапсена веднаш по погребот и пред два дена, по 8 дена поминати во Централниот затвор е пуштена на слобода/
Една жителка на Рајковац која дошла на гробиштата вели дека децата се закопани на местото каде има најмногу сонце.
Нека ги грее кога веќе среќа од почетокот на животот немале. Нека ветерот го однесе сето зло кое ги чинеше живот/ Тажно е што општината ги погреба, а мајката уште не ги посетила. Кога пшак ќе дојдам ќе им запалам свеќа да им го осветлам патот во другиот живот – вели таа.
Репортерите отишле до селото Влашка каде е куќата на родителите на Мирела. Вратата на која стоел некролог со трите деца ја отворил нејзиниот татко Марјан.
– Немојте ве молам. Не и е добро. Пуштете ја да земе малку воздух – кратко рекол тој и ја затворил вратата.