Мајката на Јохан: Минутите ми се часови


Се радува цела Македонија, но најмногу се радува семејството на Јохан Тарчуловски, што тој конечно доаѓа дома. Република имаше можност да разговара со неговата мајка, Гордана Тарчуловска, која денеска беше на своето работно место. Убавите вести, вели таа, сакав да ги споделам со моите колеги:
g_majka-johan “Дојде и тој ден, конечно да се израдуваме за неговата долгоочекувана слобода. Денеска сум на работа затоа што не можев да седам и да го чекам тој момент. Сакав со моите колеги да го споделам тоа. Со колегите сум поголем дел од времето. Да бев сама дома, не ќе можев да издржам, да го дочекам тој момент. Минутите ми се часови. Исто како и на него.
Разговарав вчера со него. Прво слушнав на телевизија, но си реков додека не слушнам од негова уста, ништо не ми е сигурно. Се јави и веќе знаев дека е вистина. Се израдував. Не знаев од радост што да правам. Секако, ќе одам на аеродром да го пречекам.
Ми рече ќе ми се јави кога се враќа. Се’ уште чека, нема одлука кога ќе дојде, но најдоцна до петок ќе дојде“, вели Тарчуловска за Република.
Портретот на Јохан стои сред родното село Љубанци на Тарчуловски. Луѓето беа собрани пред кооперацијата, славеа за враќањето на Јохан. Договараа како ќе го пречекат, како што самите велат, македонскиот херој.
“Најсреќен момент во нашиот живот. Го чекаме Јохан по осум години да дојде. Славевме од вечерните часови до рано изутрина. Цело село беше тука. Беа и жителите на околните села. Не се заборава моментот кога слушнавме дека се враќа Јохан. Македонија го има синот свој. Тој се враќа“, велат жителите на Љубанци за Република.
Тие одат на аеродром да го пречекаат Јохан, по што добредојде ќе му посакаат и со прослава во Љубанци.
“Ќе го пречекаме како голем војвода, како Гоце Делчев“,  велат тие.
Netpress/Republika
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1