„Тешко мене! Тоа е таа. Мојата Слаѓа. Како ќе живеам без мојата единица. Немам повеќе жвиот, низ солзи зборувала 50-годишната Јелка Пантиќ, мајката нa пејачката и старлетата од Бања Лука, која вчера беше пронајдена мртва во смачканиот голф со босански регистерски таблички во каналот покрај патот сремска Рача – Кузмин.
Јелка за српски Ало рекла дека верува дека нејзината ќерка е убиена.
– Само гледав во телефонот и се молев да ја најдат жива. Се слушнав со неа минатата недела, ја барав на мобилен, но и беше исклучен, прозборила очајната мајка.