Познатиот актер Мајкл Даглас повторно се бори со ракот на јазикот, јавуваат американските медиуми.
Иако неговите претставници за печат истакнуваат дека седумдесет и едногодишниот глумец го излечи ракот, сајтот „Radar Online“ пренесува дека Даглас повторно е во лоша здравствена состојба.
Како што сајтот наведува, актерот во моментов го продава својот имот, а ја променил и содржината на својот тестамент.
Пред шест години, на Даглас му беше дијагностициран карцином на јазикот, а тогаш американските медиуми пренесоа дека неговата болест се наоѓа во четврти стадиум.
Година дена подоцна актерот, неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс и лекарите објавија дека легендата на Холивуд е излекувана.
Извори блиски до актерот, меѓутоа, истакнуваат дека тој повторно се бори против канцерот и дека му останале само уште шест месеци живот.