Мајмунот Коко се враќа во Скопје, ќе добие ново живеалиште


Скопската Зоолошката градина конечно ќе почне со изградба на живеалиштето за шимпанзото Kоко, кој од 2009 година е на ресоцијализација во Холандија.majmunce

Живеалиштето треба да биде готово до крајот на годината и дотогаш треба да пристигне Kоко. Живеалиштето на шимпанзото Kоко ќе биде веднаш до живеалиштето на слоновите, кое се гради.На тендерот, кој го распиша оваа установа, е избрана фирмата „Бетонида“ од Тетово. Веќе е потпишан и договорот вреден 14.302.672 денари односно 231.434 евра, со вклучен ДДВ, а проценетата вредност беше на 12.120.909 денари, односно 196.131 евро.

Шимпанзото Kоко сега е здрав и весел и ќе се врати веднаш штом ќе биде готово новото живеалиште. Но, тој нема да се врати сам, туку најверојатно со уште тројца мајмуни, мажјаци.

Kусо време по неговото раѓање, мајка му почина од туберкулоза, а тој остана сам во скопската градина и падна во депресија. Почна да си ги кубе влакната и да се удира на шипките од кафезот. Поради тоа, во април 2009 година, кога имаше 13 години, замина во Институтот за ресоцијализација на шимпанза „Алмере“ во Амстердам, Холандија. По неколкугодишниот третман, тој е сосема излекуван и е во одлична кондиција, подготвен за враќање во Скопје

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1