Македонец осомничен во Берлин дека регрутирал борци за IS


Деветнаесет годишен државјанин на Македонија осомничен е од германската полиција дека во Берлин бил вмешан во регрутирање на припадници на Исламската држава (IS).GERMANIJA POLICIJA ISIS

Германската полиција во вторникот изутрината спровела осум рации во Берлин против лица за кои се сомнева дека се борат за екстремистичката Исламска држава (IS) во Сирија.

Во полициското соопштение се наведува дека Македонецот не е пронајден и се претпоставува дека тој моментно се наоѓа во Сирија, пренесе агенцијата АФП.

Германската разузнувачка служба претпоставува дека околу 600 Германци се имаат приклучено кон џихадистичките групи во Сирија и Ирак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1