НК КР Кочани по преземени мерки до Основен Jавен обвинител поднесе кривична пријава против Б.М.(21) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и кривично дело „предизвикување општа опaсност“.
Пријавениот, соопшти денеска МВР, на 15.02.2011 година откако неовластено набавил рачна бомба кашикара постар модел со запалка од рачна бомба М-75, отишол на ул.Гоце Делчев во Кочани и во дворното место од семејната куќа на лице од Кочани позади задното лево тркало од неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ ја поставил бомбата и употребил непозната запалива материја при што дошло до експлозија и целосно опожарување на возилото, со што предизвикал и значителна опасност за животот и телото на луѓето.