Триесет и петгодишниот Панде Велески родум од Македонија, кој живее во Мелбурн, Австралија е уапсен и осомничен за смртта на 33-годишен француски турист во северниот мал град Конорс, на 100 километри од Алис Спрингс.
Францускиот турист и неговата жена биле на туристичка посета во Конорс. Токму тогаш Велески од засега непознати причини им се приближил и го пробол французинот во вратот. Влегол во автомобил и избегал.