Македонец во Реал Мадрид – Бабунски потпиша


babunski_dorian

Доријан Бабунски најмладиот син на селекторот на македонската репрезентација за играчи до 21 година, Бобан Бабунски вчера во просториите на клубот официјално потпиша договор со гигантот Реал Мадрид.

Доријан вчера попладне го стави својот потпис на тригодишниот (2+1) договор со „кралевите“ кој водено е негов прв професионален во досегашната фудбалска кариера.

Тој оригинално потекнува од школата на Барселона, а Беше дел од Корнела, и школата на Блекбурн. Тимот на Флорентино Перез подоцна ја откупи стипендијата од Блекбурн и го донесе во младинскиот тим на Реал. Минатата година 17-годишниот талент стигна до две признанија кај младинците. Најдобар голгетер во својот тим и втор капитен.

Останува да го следиме неговиот успех, на навиваме за него и еден ден да го видиме во првиот тим на Реал Мадрид.

Честитки.

idividi.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1