Никола Ристов, кој на пат за Македонија беше повреден во верижниот судар на автопатот Загреб-Белград, за „Вечерњи Новости“ сведочи за тешката сообраќајна несреќа во која била повредена неговата идна снаа од Италија, на која и беше ампутирана дел од ногата
Кога слушна дека сопругата и синот се добри и згрижени заплакал на глас. На лицето и рацете има видливи гребеници.
– Одевме од Италија за Македонија на годишен одмор, изјавил тој за „Новости“. – Мојот син возеше, сопругата седеше покрај него, а позади мојот втор син, снаата и јас. Од назад на нас удри некој џип, со швајцарски регистарски таблички.
Нивното возило било сплескано, сите излегле но Италијанката била заглавена, па подоцна ја ослободиле пожарникарите. Подоцна лекарите морале да и ампутираат дел од едната нога.