Македонија дефинитивно останува без Мекдоналдс


g_g_mekdonalds-500Ознаките на најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот  Мекдоналдс кај Веро 2 и Педагошкиот факултет во Скопје, утрово беа отстранети.

На почетокот на јуни годинава, ознаките на Мекдоналдс беа симнати и од ресторанот во Центар и Аеродром, а еден месец претходно беа затворени сите седум ресторани на светската компанија за брза храна во Македонија.

Со тоа Македонија дефинитивно останува без Мекдоналдс. Првиот ресторан на овој синџир за брза храна во Скопје се отвори пред 16 години, а во рестораните на Мекдоналдс низ Македонија беа вработени 240 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1