Македонија доби „Куќа на фудбалот“


Во присуство на Мишел Платини, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), денеска  беше отворен новиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), наречен „Куќа на фудбалот“, a изграден со средства добиени од УЕФА и со помош на Владата.

Новиот фудбалски центар содржи нова зграда каде ќе биде сместена ФФМ, и четири терени кои ќе се користат за тренинзи на националните селекции. Во состав на центарот има и мал стадион со капацитет од околу 3.000 гледачи.

kukja fudbal1На новиот тренинг центар, укажа, ќе можат да се подготвуваат сите репрезентативци од македонските фудбалски селекции, а исто така и фудбалските надежи од Спортската академија.

Направивте прекрасна работа, овој фудбалски центар е вистинска сатисфакција за нашата работа, истакна МИшел Платини.

– Ова што го гледам тука е прекрасна зграда, прекрасен центар на фудбалот, а кога ги гледам овие деца што играат тука, најсреќен сум од сите. Наша задача е да им помагаме на националните фудбалски асоцијации да ги привлекуваат младите фудбалери, а со изградбата на овој објект еден голем таков услов е исполнет, рече Платини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1